Истражи го Мариово – Еднодневни 4х4 екскурзии

Истражи го Мариово – 4х4 се неколку различни еднодневни тури низ Мариово, кои по потреба може да се комбинираат во повеќедневни, со можност за ноќевање на одредени локации во Мариово (етно куќи, манастири, приватно сместување, ноќевање под шатор во природа).

Изберете ја турата која најмногу Ви одговара или пак пишете ни што сакате да посетите и ние ќе Ви предложиме понуда за незаборавен престој во Мариово.

4x4 off road mariovo macedonia 0225

  • Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
  • Тежина на турите: лесни, препорачани за сите возрасти
  • Локација: Битола/Прилеп, Мариово
  • Време кога може да се оганизира турата: пролет, лето и есен. (во зима доколку дозволуваат временските услови)
  • Траење на турата: 8-10 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m, Св. Ѓорѓи Паралово 975 м, Полошки Манастир 1155 м, Манастир Св. Архангел Михаил село Скочивир 630 м, Манастир Св. Димитриј, Трново 910 м, Манастир Чебрен 443 м, Градешница 800 м, Груништа 742 м, Зовиќ 721 м, Будимирци 800 м…
  • Максимален број на лица по џип: Возач + 4 лица (за поголеми групи може да се организираат повеќе џипови)
  • Цена: Пополнете ја контакт формата за повеќе информации

Тура бр.1 – Битолско Мариово

Програма:
08.00 ч - Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
- Поминување низ селата – Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш.
- 5 мин пауза на живописна локација во близина на село Рапеш

rapesh mariovo macedonia 0960
- 5 мин пауза на месноста „Јасиките“ на влезот од кањонот на Црна Река.
- Посета на манастирот Св.Атанасиј во близина на село Старавина
- Посета на црквата Св. Димитриј во село Градешница (XV век)

sv dimitrij gradesnica mariovo
- Посета на Тврдината Пешта

pesta mariovo macedonia
- Обиколка по живописните предели околу село Градешница
- Посета на село Зовиќ и живописниот „Филмски мост“

filmski most selo zovik

zovik mariovo 0014
*По договор - можност за традиционален Мариовски ручек во Етно куќа „Кај мостот село Зовиќ“.
Враќање во Битола ~16.00/17.00 ч

Тура бр.2 – Битолско Мариово

08.00 ч - Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
- Туристичко возење низ живописните предели на селата Грумази, Полог, Ивени, Скочивир со кратки паузи за одмор и фотографирање.

4x4 off road jeep tour mariovo 2015 0035

4x4 off road jeep tour mariovo 2015 0230

4x4 off road jeep tour mariovo 2015 0284
- Кратка пауза во месноста Коњарка
- Туристичко возење покрај живописниот кањон на Црна Река и атарот на селата Будимирци, Старавина, Градешница.
- Посета на село Зовиќ и живописниот „Филмски мост“
*По договор - можност за традиционален Мариовски ручек во Етно куќа „Кај мостот село Зовиќ“.
Враќање во Битола ~16.00-17.00 ч

Тура бр.3 – Битолско Мариово

08.00 ч - Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
- Туристичко возење низ живописните предели на селата Грумази, Полог, Ивени, Скочивир со кратки паузи за одмор и фотографирање.
- Кратка пауза во месноста Коњарка
- Туристичко возење покрај живописниот кањон на Црна Река и атарот на село Будимирци
- Посета на месноста Лаките и чистата река Белица (Бела Река).

lakite mariovo macedonia 00

lakite mariovo macedonia 01

lakite mariovo macedonia
Враќање во Битола ~16.00-17.00 ч

За повеќе информации пополнете ја контакт формата:

Powered by ChronoForms - ChronoEngine.com

Save

Language Switcher

Search

Не пропуштајте

4х4 Екскурзии низ Македонија

Откријте ги големиот број на живописни локации преку незаборавни 4х4 екскурзии низ Македонија Повеќе информации...
4X4 Off Road

Изнајмете 4х4 возило и истражувајте ја Македонија

4x4 Тури и Екскурзии

Меморијален Туризам

Откријте ги локациите од Првата светска војна во Македонија

Меморијален Туризам

Велосипедски тури во Македонија

Велосипедски тури во Македонија

Велосипедски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Планинарски тури во Македонија

Уживајте во фото галериите од различните локации во Македонија

Истражи ја Македонија

Компании партнери на здружението OFF ROAD Macedonia

Партнери