Камен мост село Зовиќ

Зовиќ – село во Мариово со прекрасниот „Филмски Мост“

Зовиќ е село во Општина Новаци на 680 метри надморска височина, оддалечено 52 км од Битола. До селото води асфалтен пат.

Во минатото селото било околу 500 метри оддалечено од сегашната локација и се викало Лениште. Меѓутоа за време турското владеење тоа било опљачкано и запалено па жителите биле принудени да се селат на друго место и така било населено денешното село Зовиќ.Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија
Името на селото е добиено најверојатно по името на една чешма која се наоѓала во денешно Зовиќ, а селаните на тогашно Лениште ја викале Бзовиќ поради тоа што околу неа имало многу боз, што претставува основа на денешното име.

Според пописот од 1953 година во село Зовиќ живееле 356 жители.

Во селото има две цркви и тоа: Св.Никола и Св.Атанас, но сепак Зовиќ е најпознато по Камениот мост во близина на селото.
Село Зовиќ заживува за време на летниот период кога голем број на повратници и туристи го посетуваат селото, но и за време на празникот Митровден (8 Ноември) кога е и слава на селото.

Прослава на Митровден во село Зовиќ 1925 г
Прослава на Митровден во село Зовиќ 1925 г

Камен мост во близина на село ЗовиќЗовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

  • Координати: 41.118682, 21.717339 
  • Мостот е оддалечен околу 300 метри од центарот на селото и до него се стигнува пеш

Камениот мост во близина на село Зовиќ или познат и како „Филмски мост“ се вбројува меѓу најубавите архитектонски градби во Мариово. Изграден е од камен, односно делкани и приделкани камени блокови. Има лачна форма и прилагоден е на конфигурацијата на теренот. Во долниот дел во непосредна близина на реката од страната на селото Зовиќ изградена е Воденица, која населението ја користело за мелење на житарици. Воденицата е изградена од камен и покриена со камени плочи.

За време на летниот период, ова е едно од омилените места на голем број на посетители кои се разладуваат во чистата вода на Градешка река.

Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

Живопис со приказ на Св. Ѓорѓи

Веднаш до Камениот мост се наоѓа живопис со приказ на свети Ѓорѓи, кој датира од поново време, односно од 1925 година која е испишана заедно со имињата на дарителите. На живописот централно е поставена фигурата на свети Ѓорѓи на бел коњ со развиорена црвена наметка како го убива аждерот. Живописот на карпата е реставриран во 2006 година од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

Црква Св. Никола

Црквата Св. Никола во село Зовиќ - во 1927 година и денес
Црквата Св. Никола во село Зовиќ – во 1927 година и денес
  • Координати: 41.118477, 21.712505
  • Црквата е оддалечена 180 м од центарот на село Зовиќ

Црквата Св. Никола во село Зовиќ е изградена во 1862 година. Претрпела големи оштетувања за време на Првата светска војна и е обновена во 1927 година. Интересен за оваа црква е податокот дека нејзините ктитори, односно два од побогатите селани кои го помогнале нејзиното градење, се презентирани како светци на влезовите на црквата, што претставува вистинска реткост во овие краеви. Се работи за ликовите на “дедо-Богдан Секилковић” и „дедо Анђеле Анђелевић”, опишани во научниот труд на Војислав С. Радовановић објавен 1927 година.
Во дворот на оваа црква се наоѓаат селските гробишта, како и гробишта од војници кои загинале во близина на селото за време на Првата светска војна.

Манастир Свети Атанасиј

Св. Атанасиј село Зовиќ

  • Координати: 41.120787, 21.710952
  • Манастирот е оддалечен 300 метри од центарот од селото и до него се стигнува пеш и со теренско возило

Свети Атанасиј е мала еднокорабна црква изградена на околу 300 м од село Зовиќ. Се смета дека храмот е изграден во XVII век од кога се смета дека и селото постои на ова место. Неодамна во дворот на манастирот е изградена трпезарија и поставен е крст кој е осветлен и се гледа од далеку.
Манастирот е сместен на живописна локација од каде посетителите може да ја доживеат една од најубавите панорами во регионот Мариово. До него се стигнува пеш во секој период од годината, а има и пат за теренски возила.

Поглед од манастир Св. Атанасиј

Поглед од Манастирот Св. Атанасиј кон Камениот мост

Манастир Чебрен

Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

  • Координати: 41.132511, 21.680148
  • До манастирот се стигнува пеш од село Зовиќ (околу 1 ч пешачење во еден правец), или пак со теренско возило/велосипед во летните месеци од годината. 

Чебрен е манастир со богата историја сместен во атарот на село Зовиќ. Покрај живописната природа, тука можат да се посетат и црквичката Св. Спас од XV век и неодамна обновената црква Св. Димитриј во која олтарниот дел потекнува од XIV век.

Етно куќа „Кај Мостот“

Зовиќ - Мариово со прекрасниот филмски мост - Истражи ја Македонија

  • Координати: 41.117382, 21.712910 (во центарот на село Зовиќ)

При посетата на село Зовиќ, не смеете да ја пропуштите етно куќата „Кај Мостот“ и да ги пробате надалеку познатите гурмански специјалитети од Мариово. Покрај делелот во кој се служи традиционална храна од Мариово, куќата располага и со соби во кои може да се ноќева, а на располагање се и приватни капацитети во селото.

Етно куќата работи за викенди и со претходна најава. За поголеми групи може да се организира посета и во други денови од неделата.

  • Контакт телефон: +389 71 206 757
  • Е-пошта: info@off-road.mk

Активности и други места за посета во близина на село Зовиќ

Сместување во село Зовиќ

Како до село Зовиќ

Село Зовиќ е поврзано со Битола со асфалтен пат во должина од 50 км. До селото не постои јавен превоз, па така покрај со сопствено возило, такси превоз од Битола до село Зовиќ чини околу 1500 денари.

Повеќе информации

Доколку сакате да го посетите село Зовиќ или пак сакате да дознаете нешто повеќе, пополнете ја контакт формата и ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.

    Пополнете ја контакт формата за повеќе информации

    360*  Виртуелна – интерактивна прошетка низ село Зовиќ.

    Пуштете го видеото и разгледувајте наоколу!!!. Паузирајте доколку сакате подетално да видите некоја локација, а можи и да го активирате видеото на цел екран.

    Фото галерија од село Зовиќ

    Фото галерија – страна 2 …